Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно, готови за 5 минути

54

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со рафиниран шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски топки, а ќе ви требаат само 5 минути.

Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната, особено за време на било кој пост.

  • 200 гр урми
  • 50 гр бадеми, ореви или други јаткасти плодови
  • 20 гр суво овошје (боровинки, суво грозје)
  • 1 лажица кокосово масло
  • 50 гр сечкани ореви (за декорација)
  • неколку лажици вода (по потреба)

Подготовка:

Во повеќенаменски процесор за храна ставете урми, 50 грама јаткасти плодови, 50 грама суво овошје и лажица кокосово масло. Кога состојките ќе се иситнат и соединат, формирајте топчиња. Ако смесата е густа, додадете неколку лажици вода и повторно вклучете го процесорот.

Откако ќе ги формирате топчињата, сомелете ги оревите и валкајте ги топчињата. Можете да користите и комбинација од сечкани бадеми, ф’стаци и ореви. Можете исто така да ги замените сечканите ореви со кокос, сусам или какао во прав.