Зошто пешачењето е подобро за метаболизмот отколку одењето во теретана?

59

Ако сакате да изгубиме тежина, вежбањето е многу важно. Не само што е неопходно за одржување на кондицијата и физичкото здравје, туку е добро и за менталното здравје. Но, излегува дека пешачењето е всушност подобра активност од одењето во теретана.

Шејн О’Мара, професор по експериментално истражување на мозокот на Колеџот „Тринити“ во Даблин, Ирска, во подкастот „Don’t Tell Me The Score“ објасни зошто луѓето треба повеќе да пешачат.

За да изгубите тежина, треба да согорите повеќе калории отколку што внесувате, што е познато и како калориски дефицит. Редовната физичка активност може да го забрза нашиот метаболизам што може да ви помогне побрзо да изгубите тежина.
Професорот О’Мара објасни како редовната лесна активност во текот на денот е подобра за вашиот метаболизам отколку кратки интензивни, но ретки активности, како што е одењето во теретана.

Метаболизмот е хемиски процес кој се одвива во нашето тело за да нѐ одржи во живот и нашите органи да функционираат нормално. Овој процес бара енергија и колку е поголем вашиот метаболизам, толку повеќе калории согорувате.

О’Мара објасни како луѓето сметаат дека одењето во теретана еден час ќе има поголем ефект врз нивниот метаболизам и губење на тежината, без разлика дали биле неактивни во остатокот од денот.

Националната здравствена служба (НХС) наведува дека пешачењето е лесен и бесплатен начин да станете поактивни, да изгубите тежина и да станете поздрави. Исто така, се наведува дека тоа „понекогаш се занемарува како форма на активност“, но дека „брзото одење може да помогне во градењето издржливост, согорувањето на вишокот калории и да го направи вашето срце поздраво“.

Не мора да пешачите со часови секој ден, бидејќи НХС истакнува дека брзото 10-минутно дневно пешачење ќе има многу здравствени придобивки и се брои на препорачаните 150 минути вежбање неделно.

Ако немате време да излегувате, можете да пешачите и дома. Сѐ што ви треба е трака за трчање/одење на која можете корисно да го користите времето дома.