Новак Ѓоковиќ поразен од 123-тиот играч во светот

204

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше сензационално поразен во второто коло на Мастерсот во Индијан Велс од Италијанецот Лука Нарди со 2:1 во сетови.

Нарди, инаку 123. тенисер во светот кој на турнирот дојде како „среќен губитник“, по нешто помалку од два и пол часа голема борба сензационално го совлада најдобриот светски играч, а клучниот брејк го направи во шестиот гем од третиот сет со водство од 3:2.

Ајде да одиме по ред. Во петтиот гем од првиот сет, Нарди ја искористи првата брејк-топка и поведе со 3:2, а во десеттиот гем ја искористи и првата сет-топка и поведе со 1:0 во сетови.

На стартот од вториот сет Ѓоковиќ поведе со 2:0 и му го одзеде сервисот на противникот, кој успеа да се врати веќе во следниот гем кога ја искористи петтата брејк топка и се врати во игра во оваа фаза на натпреварот.

Во шестиот гем Ѓоковиќ успеа да направи уште еден брејк и да поведе со 4:2, но во осмиот пропушти да искористи две брејк топки кои исто така беа сет топки, но тоа не го пропушти и во деветтиот гем кога ја искористи првата од три сет топки и се врати во игра на овој меч.

Во вториот гем од третиот сет Италијанецот пропушти три брејк шанси, но во шестиот ја искористи втората брејк топка и поведе со 4:2. До крајот ја задржа предноста и ја прослави најголемата победа во кариерата.

Во осминафиналето Нарди ќе игра против 17. носител на Мастерсот, Томи Пол од САД, кој со 2:0 (6:4, 6:4) го победи Хуго Хамберт од Франција.

Резултат:

Лука Нарди (Италија) – Новак Ѓоковиќ (Србија) (1) 2:1 (6:4, 3:6, 6:3)