Трипл-дабл машините Јокиќ и Дончиќ се незапирливи

61

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ продолжија со вообичаено темпо.

Секој од нив забележа трипл-дабл и ги предводеа своите тимови до нови победи во НБА.

Денвер по голем пресврт го победи Торонто со 125:119. Во третата четвртина Репторс водеа со дури 21 поен разлика, но Нагетс на крилата на Јокиќ и Џамал ​​Мареј го свртеа резултатот и славеа.

Јокиќ го постигна 21-от трипл-дабл сезонава и 126-ти во кариерата со 35 поени, 17 скока, 12 асистенции, 6 украдени топки и 2 блокади.

Мареј додаде 12 од своите 26 поени во последната четвртина и имаше 12 асистенции.

Далас го совлада Чикаго на гостински терен со 127:92, а Лука Дончиќ го заврши мечот со 27 поени, 12 скока и 14 асистенции, па одличниот Словенец не успеа да ја продолжи серијата од шест последователни трипл-дабл учиноци со 30 или повеќе поени.

На другата страна Никола Вучевиќ имаше 13 поени и 6 скока.

Резултати од НБА:
Кливленд – Феникс 111:117

Детроит – Шарлот 114:97

Чикаго – Далас 92:127

Сан Антонио – Голден Стејт 102:112

Денвер – Торонто 125:119

Портланд – Бостон 99:121.