Чак Норис наполни 84 години – како изгледа денес?

98

Чак Норис пред неколку дена го прослави својот 84. роденден, а по тој повод објави фотографија на Instagram.

„Можеби имам 84 години, но се чувствувам како да имам 48“, оптимистички вели тој во видеото на кое удира во боксерска вреќа, а потоа им се заблагодари на фановите за честитките.

Додека служел војска во Јужна Кореја, Норис почнал да учи боречки вештини, а подоцна стана карате шампион и отвори серија карате студија каде тренираа познати личности. Кога се спријатели со Брус Ли, доби улога во филмот „Enter the Dragon“ и така влезе во светот на Холивуд.

Сепак, дури со неговата улога во серијата „Walker“, тексашкиот ренџер го постигна својот култен статус и стана жива легенда.

Денес ретко се појавува во јавноста, а веќе 36 години е во среќен брак со поранешната манекенка и актерка Џена О’Кели, со која има три деца, додека со поранешната сопруга Дајан Холечек има два сина.