Ахмети бара да го смениме Уставот

474

Предводникот на ДУИ Али Ахмети денес изјави дека продолжуваат да разговараат со сите партии кои не се дел од албанската опозиција за постигнување на коалициски спогодби за влез во Европскиот фронт.

– Има време, уште сме во преговори и со останатите партии. Тоа е процес кој е отворен подолго време. Веруваме дека во иднина како што го направивме овој важен, како што рече и Зејид, историски настан, да продолжиме во следните денови… Разговараме со сите и со Алијанса и со Тачи и со Аријанит Хоџа и со Турската партија, со Бошњачката партија, со Ромската партија за да пристапат на овој фронт, изјави Ахмети на новинарско прашање по потпишувањето на колицискиот договор со Движењето на народот на Скендер Реџепи Зејид.

Поврзано со Законот за рестриктивните мерки по последното дополнување на „црната листа“ на Стејт департментот на САД, Ахмети изјави дека законот е во Собрание, но е блокиран, и изрази увереност дека во иднина ќе биде прифатен.

-Ние го прифаќаме ставот на Стејт департментот апсолутно и ќе ги прифаќаме сите оцени што ги прави Стејт департментот. САД за нас се најважниот стратешки партнер, како и ЕУ, изјави Ахмети во одговор на прашање во врска со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој исто така се наоѓа на “црната листа” на САД и уште е активен.