Снимка од нападот на репортерот Фуркан Салиу

629

Денес извршителката Весна Јакимовска се обиде да го направи истото што им го прави на граѓаните со години… Со закани и дури физички напад сега се обиде да избега од вистината, објави новинарот Фуркан Салиу на Фејсбук.

Потоа продолжи во свој стил, вршејќи притисоци врз полицијата за да се одземат снимените материјали. Им се извинувам однапред на сите официјални лица кои ќе мораат да го трпат притисокот од различни центри на моќ, но едноставно мораат да издржат. Мораат да издржат поради Ергул, Стаменка, Мито, Гоце и сите други семејства чии животи се неправедно уништени. А во следните денови, ќе се запознаете и со многу други случаи. Во видеото што ќе го објавиме вечерва за само неколку минути, ќе сфатите како функционира извршителката Весна Јакимоска, посочи Салиу.