24 часа молк и неприфаќање на барањата на ВМРО-ДПМНЕ за законот за амнестиите

0
46

Поминуваат точно 24 часа од последниот мој јавен настап каде отворено побарав од Заев и власта да се согласат да овозможиме законски измени со кои политичари кои биле амнестирани нема да може да се занимаваат со политика и да не може да се амнестираат луѓе кои обавувале јавна функција и имале политичка позиција, а кои се огрешиле со законот, потсети на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Пред да излезе СДСМ со механичка прес-конференција и со однапред напишан текст, само ќе нагласам дека Заев кого вчера го видовме на снимено видеообраќање од кое чувме како се колне во правдата, и со оглед на тоа колку ревносно ја креваа измамата со амнестијата изминатите денови, денес наспроти сето ова ќе констатирам дека има молк и сè уште ги немаат прифатено овие наши барања, посочи Мицкоски.

Мицкоски додаде сето ова укажува дека амнестијата како пракса станува посакувана опција за веќе еднаш амнестираниот Заев и неговите луѓе.

Извор: република.мк