И европратеникот Милан Звер се истури врз Хан: Зошто молчиш за злоупотребата на судството од Владата на Заев?

0
1402

И европратеникот од Словенија, Милан Звер, истера мајтап со еврокомесарот Јоханес Хан, откако Австриецот побара ни помалку, ни повеќе, туку „гласно објаснување“ од унгарскиот премиер Виктор Орбан за азилот на Никола Груевски.

Звер на својот Твитер профил напиша:

„Како може премиерот Орбан да ја објасни одлуката (за азил на Н. Груевски, н.з.) ако тоа е по сите основи правно прашање, а не политичко?“, напиша Звер, фрлајќи на тој начин сомнеж и врз наводните заложби на Хан за правна држава, за почитување на правото кај членките на ЕУ, додека истовремено бара од политичар, како Орбан, да му објаснува, односно да му се правда за правна одлука на надлежните органи во Унгарија.

Звер не застанува само тука, па на својот Твитер профил напиша и:

„Исто така изненадува што Европската комисија не покажа интерес за злоупотреба на судството и за спроведување на законот за политички цели од страна на Владата на Заев. #двојнистандарди“

Ова е уште обвинување кон Хан (но и вооопшто кон ЕК на Јункер), кој изгледа, како му се приближува крајот на мандатот, тотално го загуби компасот, уривајќи го на тој начин кредибилитетот на ЕУ до крајни граници.

Инаку, Звер е потпретседател на Демократската партија на Словенија, чиј претседател е Јанез Јанша. Тој е европратеник, а бил член на Владата на Словенија од 2004 до 2008 година.