Aпасиев: На душа ќе ги носите загинатите бе хоштаплери, јаз’к да ви се парите проклети!

0
2487

Прегазената жена на улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Аеродром им подлегна на повредите. Граѓаните реагираат дека улицата е небезбедна за движење, затоа што нема никаква сообраќајна сигнализација, а често по неа се вози брзо, иако е тесна уличка.

Еден од сообраќајните знаци кај маркетот „Жито“ и салонот „Симпо“ е превиткан до земја и оставен е да стои така.

На ова реагира и професорот Димитар Апасиев, кој вели дека помина една година, а градоначалникот остана глув на апелите за пешачки премини и лежечки полицајци.

Необележаната улица у мое маало – „Методија Шаторов Шарло“ (бивша „Руди Чајевац“) вчера ја зема и првата човечка ЖРТВА!!! Само лани, не знам колку апели упатија жена ми и родителите на децата од соседното основно училиште „Блаже Конески“ до градоначалникот Златко Марин и Општина Аеродром да ги обележат пешачките премини и да стават „лежечи полицајци“…

Цела година помина, абер нема од пешачките. Дури и полошо, неколку дена не работи ни уличното осветлување, па улицава навечер е зона сумрака

p.s. На душа ќе ги носите загинатите бе хоштаплери, додека давате маркици за градежната мафија. Јаз’к да ви се парите проклети!, порача Апасиев.