Apple „продава“ iPhone модели со лажни спецификации

0
115

Истражните органи минатата недела поднесоа тужба против Apple во кој се наведува дека американската компанија не ја кажува вистината за спецификациите на екраните на нивните модели од производната линија X.

Тужбата која беше поднесена до Окружниот суд во Калифорнија тврди дека Apple лажно ги претставува големината и бројот на пиксели на екраните на нивните модели iPhone X, XS и XS Max.

Лицата кои ја доставија тужбата бараат од судот да преземе класична законска акција против компанијата. Барем засега, Apple не одговори на тужбата, ниту на обвинувањата.

Во тужбата се наведува дека Apple лаже за големината на дисплејот со тоа што во броењето ги вметнува и деловите на кои нема екран, како што се аглите и страничните краеви од телефонот. Според тужителите, екранот на новите iPhone модели не е со иста големина како што пишува во спецификациите – наместо рекламираните 5,8 инчи, екранот на iPhone X е со големина од „околу 5,6875 инчи“.

Покрај тоа, тужителите велат дека моделот iPhone X има помала резолуција на екранот отколку што пишува во неговите спецификации. Наведениот модел би требало да има резолуција од 2.436 х 1.125 пиксели, но производот не содржи вистински пиксели со црвени, зелени и сини потпиксели во секој од пикселите, туку наместо тоа има само по два потпиксели. Во истражната постапка се наведува дека iPhone 8 Plus има поквалитетен екран од iPhone X.