Bitcoin Pizza Day – денот кога еден Американец „списка“ 10.000 биткоини за да плати две пици

0
69

На 22.05.2010 година, Американецот Ласло Хањец влезе во историјата. Тој тогаш беше првата личност што ја искористи тогашната малку позната виртуелна валута Биткоин за да плати нешто опипливо во реалниот свет.

Ласло Хањец тогаш платил 10 илјади биткоини за две пици, кои во тоа време вределе околу 40 долари.

Бидејќи биткоинот се здоби со популарност со текот на годините, 22 мај стана познат и како „Bitcoin Pizza Day“.

Со текот на годините, Хањец во неколку наврати истакнал дека не му е жал што потрошил 10 илјади биткоини за два пици, иако, кога ќе се претворат во денешна вредност, тие 10 илјади биткоини би вределе околу 302,3 милиони евра.

Бидејќи цената на биткоинот се менува од ден на ден, а во последните неколку години рапидно расте и исто така нагло опаѓа, колку вреди првата платена пица со биткоин, може да се провери на страницата „Bitcoin Pizza Index“, каде што се опишува и тоа како се случила првата трансакција.