Ford го претстави најмоќниот Focus досега

0
70

Откако веќе се појавија многу „шпионски“ фотографии и видеа од новиот Focus ST, од компанијата Ford дојде одлука конечно да се промовира овој нов модел пред јавноста. Покрај неколкуте фотографии, Ford објави видео, а откри и дел од техничките спецификации на автомобилот.

Новиот Ford Focus ST конечно беше претставен на јавноста, а од компанијата истакнаа дека се задоволни со напредокот на перформансите во однос на неговиот претходник.

Моќниот Focus ST, кој е најсилната верзија на овој модел досега произведена, ќе биде ривал на Volkswagen Golf GTI/GTD и ќе им овозможи на купувачите избор помеѓу две верзии: бензин и дизел мотор.

Со оглед на тоа дека веќе од поодамна се знаат голем дел од деталите околу овој автомобил, само ќе потсетиме дека најголемата новост околу овој модел е 2.3-литарскиот EcoBoost турбо мотор, кој испорачува 280 коњски сили и забрзува од 0-100 км/ч за помалку од 6 секунди.

Ford има решение и за љубителите на дизел мотори. Focus ST доаѓа во верзија со четирицилиндричен 2.0-литарски EcoBlue турбо мотор, кој има 190 коњски сили и максимален вртежен момент од 400 Nm. И тој, како и бензинецот, се опремени со 6-брзински мануелен менувач или 7-степен автоматски менувач.

Ford Focus ST ќе ја доживее официјалната промоција пред публиката на претстојниот Саем на автомобили во Женева, а ќе биде достапен во хечбек и караван верзија. Продажбата на овој модел почнува во лето, но засега не е објавена цената на автомобилот.