NCAP го прогласи најбезбедниот автомобил на светот

0
76

Новата Mazda CX-30, Mercedes GLB и Ford Explorer се единствените автомобилски модели кои од независното тело за проценка на безбедноста на возилата во Европа NCAP добија 5 sвезди во последната рунда на тестирање за безбедност.

Mazda ја доби досега најдобрата оценка за заштита на возрасните патници.

Јапонскиот SUV модел постигна оценка од 99 проценти во категоријата за заштита на возрасни патници, и доби максимален број поени за тестови за странични удари и симулација на странични удари во дрво.

„Ова е навистина импресивен модел. Во случај на несреќа, има многу малку места што се побезбедни од предните седишта на Mazda CX-30″, изјави Метју Ејвори, од компанијата за тестирање NCAP.

CX-30 исто така доби оценка од 86% за заштита на децата, 80% за ранливи учесници во сообраќајот и 77% за безбедносни функции.

Извор: таратур.мк