Samsung Galaxy S11: Четири задни камери и моќна батерија од 5.000 mAh

0
77

Кога станува збор за гласини и шпекулации во врска со изгледот и спецификациите на новата „машина“ од Samsung, долгоочекуваниот Galaxy S11, бурата не стивнува ни во време на новогодишни и божиќни празници.

Сепак, главен момент во сета таа фама се спецификациите на смартфонот, поточно можноста за четири камери на задната страна кои ќе заземат голем дел од задниот дел на телефонот.

За разлика од Galaxy Fold кој на американскиот пазар чини 2.000 долари, или моделот Galaxy Note 10 Plus од 1.100 долари, следниот премиум уред од Samsung е така дизајниран да може да им биде достапен и допадлив на многу луѓе, а не само на ентузијастите кои постојано се во потрага на најсовремениот модел.

Семејството смартфони Galaxy S11 е првиот проект на Samsung кој би можело да им помогне на пошироките маси да имаат супербрз 5G пренос на податоци.

Samsung годинава почна со продажба на 5G моделите S10 5G, Note 10 Plus 5G, Galaxy A90 5G и Fold (во Велика Британија и во Јужна Кореја).

Меѓутоа целна група на овие телефони не се секојдневните корисници, а повеќето се верзии на 4G уредите кои веќе постојат.

Пред сѐ, Samsung Galaxy S11 се очекува да се најде во продажба во тро модели и три различни големини. Поточно, во продавниците може да ги очекуваме Galaxy S11, S11 Plus и S11 Pro.

Galaxy S11 би требало да има големина од 6,2 или 6,4 инчи, Galaxy S11 Plus од 6,7 инчи, додека Galaxy S11 Pro би требало да има најголе дисплеј од 6,9 инчи.

Вљубениците во технологијата веќе се прашуваат кога овие модели ќе се најдат во продавниците. Samsung со години ја претставува серијата Galaxy S кон крајот на февруари или почетокот на март, главно технолошкиот настан Mobile World Congress, па се претпоставува дека можно е Galaxy S11 да биде претставен во февруари. Како датуми се спомнуваат 11 и 18 февруари.

Galaxy S11 ќе има заоблени рабови и тенко „тело“, што е веќе карактеристика на Galaxy моделите.

Во поглед на камерите, се очекува моделите од серијата да имаат различни перископски леќи, како и 5x оптички зум. Камерите би требало да имат 108 мегапиксели.

Една од гласините е дека Galaxy S11 Plus ќе има моќна батерија од 5000 mAh, што секако ќе нуди беспрекорно корисничко искуство.