АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ

404

Според анализата на јавниот став направена од Институтот за политички истражувања во Скопје за потребите на Македонската телевизија, чии резултати беа објавени во емисијата „Објектив“, ВМРО-ДПМНЕ покажува тројна предност пред СДСМ што се однесува на тоа која партија граѓаните ја гледаат како победник на парламентарните избори.

На прашањето: „Која партија сметате дека ќе победи на предстојните избори“?, 30,4% од испитаниците веруваат дека победник на парламентарните избори ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, што претставува зголемување од 2% во споредба со февруари, кога 28,3% од испитаниците сметале дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите.

Овој процент за СДСМ е со тројно помала поддршка, со само 9,8% од учесниците кои ги сметаат за победници на предстојните парламентарни избори. Следат ДУИ со 6,3%, Европскиот сојуз за промени (ЕСП) со 4,2%, Левица со 3,3%, ЗНАМ со 2,9%, и Алијансата за Албанците.

Исто така, што се однесува на прашањето за која партија ќе гласате на предстојните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму има скоро двојна предност пред СДСМ.

Конкретно, на ова прашање се определиле 22,7% од учесниците за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ се изјасниле само 12,1%. На трето место се наоѓа ДУИ со 6,3%, а потоа следува Европскиот сојуз за промени со 4,4%. За Левица се определиле 3,7% од учесниците, за ЗНАМ 3,2%. Алијансата за Албанците движи околу 2%, додека ниту за една од опциите се изјасниле 14,5% од учесниците. Околу 21% од учесниците не сакале да откријат за која политичка партија ќе гласаат на предстојните парламентарни избори.